Достапни линкови

logo-print

Александра Зафировска претседател на Судскиот совет на РМ


Александра Зафировска е избрана за претседател на Судскиот совет на Република Македонија. Таа ќе го замени досегашниот прв човек на Советот, Васил Грчев чиј двегодишен мандат истече денеска.
Во работната биографија на Зафировска стои дека дипломирала на Правниот факултет 1984 година, правосудниот испит го положила во 1987 година. Се вработува 1986 година во Основен суд Тетово како приправник, потоа во 1988 година е избрана за судија во тетовскиот Суд. На 16.11.2006 година избрана е за член на Судски совет на Република Македонија од редот на судиите од Апелациското подрачје Гостивар
Претседателот на Судскиот совет се избира од редот на членовите на Советот со мнозинство гласови од вкупниот број членови со тајно гласање. Мандатот на претседателот на Советот трае две години, без право на повторен избор.
XS
SM
MD
LG