Достапни линкови

Протести во Авганистан против егзекуциите во Иран


Протестите во Авганистан

Околу илјада луѓе протестираат денеска во три града во Авганистан, против егзекуцијата на еден нивен државјанин во Иран. Најголемиот протест бил во Херат во близина на границата со Иран, а помали протести имало во Кабул и Мазар е Шариф. Демонстрантите извикувале слогани против иранскиот претседател Махмуд Ахамадинеџад и повикале да се стави крај на погубувањата на аваганистанци и на иранци во Техеран. Иранските власти извршија егзекуција на неколку авганистанци во последниве месеци под обвинение за нелегална трговија со дрога.
XS
SM
MD
LG