Достапни линкови

Бин Ладен и се заканува на Франција


Лидерот на терористичката мрежа Ал Каеда Осама Бин Ладен објави нова аудио снимка со повик до француските војници да се повлечат од Авганистан, извести денеска арапската телевизија Ал Џазира. Бин Ладен го повикал претседателот Никола Саркози да ги повлече силите, додавајќи дека неговата улога би можела скапо да ги чини французите. Екстремистички групи поврзани со Ал Каеда како заложници држат најмалку седуммина французи.
XS
SM
MD
LG