Достапни линкови

Истрага за корупција во Европската банка за обнова и развој


Британската полиција истражува случај на корупција во кој се вмешани четворица руски државјани вработени во Европската банка за обнова и развој, меѓу кои и преставникот на Москва во бордот на директори. Од руското Министерството за економија соопштуваат дека ја разрешиле Јелена Котова од позицијата руски преставник во бордот директори на банката, откако е покрената истрагата за нејзина вмешаност во случајот на корупција. Европската банка за обнова и развој им го укина имунитетот на четворицата осомничени , за да им овозможи на органите да го истражат случајот.
XS
SM
MD
LG