Достапни линкови

Нобеловецот Јунус пред суд за обвинувањата за клевета


Мухамед Јунус

Мухамед Јунус

Нобеловецот Мухамед Јунус денеска се појави пред суд за да се соочи со обвинувањата за клевета, откако во едно интервју изјавил дека повеќето од политичарите во Бангладеш се во политиката поради парите. Јунис беше ослободен со кауција од 72 долари и судот во северниот град Мименсинг соопшти дека тој не треба повеќе да се појавува пред судот.
Јунус ја подели наградата со банката Грамин за неговиот успех во намалување на сиромаштијата со издавање на мали заеми.
XS
SM
MD
LG