Достапни линкови

Денеска карневал во Вевчани


Вевчанските василичари не го заборавија ни проектот Скопје 2014

Вевчанските василичари не го заборавија ни проектот Скопје 2014

Вевчани живее во знакот на најголемиот Василичарски карневал во државата.

Вевчани, најмалата општина на крајниот југозапад од Македонија, живее во знакот на најголемиот Василичарски карневал во државава, со кој 14 века тука на најоригинален начин преку спој на паганското, митското и современото, се испраќа старата и се дочекува Новата година по православниот стар Јулијански календар. Карневалската манифестација се отвори со саемот за алтернативен туризмот и музичка програма со домашни уметници и Балканската звезда Момчило Бајагиќ-Бајага, со кои само се загреваше атмосферата во која главни се вевчанските Василичари, кои ги има од најмали до најстари, и мажи и жени.
Јас се маскирам од кога знам за мене, значи уште од дете, сум учествувал во групни и самостојни маски. "Свети Васиља" за еден Вевчанец значи СЕ, а можеби и ништо


„Јас се маскирам од кога знам за мене, значи уште од дете, сум учествувал во групни и самостојни маски. Свети Васиља за еден Вевчанец значи СЕ, а можеби и НИШТО. Ние се подготвуваме за Свети Васиља од 14 јануари годинава до 13 јануари идната година, значи цела година мислиме за овој празник, кој е голем ден за Вевчанци. За да го осознаеш тоа, треба да дојдеш да бидеш тука извесно време, да се соживееш, и така ќе научиш, ако успееш да откриеш што е овој празник за еден Вевчанец“, вели Василичар од Вевчани, кој ја објаснува магијата на правењето на маските, што се држат во најстрога тајност до карневалското дефиле на сред село на 13-ти јануари, кога се претставуваат маските од Горна и Долна Маала.

Маски од карневалот во Вевчани. Породување на сред село.

„Маските се подготвуваат еден, два месеци, а најдобри се тие кои се дело на еден Вевчанец на самиот празник, кому токму тогаш му текнува како да се маскира. Мене ми е најдобро, на 13-ти кога ќе станам, да се напијам неколку чашки топла ракија, па јадам луканци-колбаси домашни и сушено месо, одам на „петар“, земам тоа што ќе ми дојде при рака и се маскирам, се „барџам“- кажано по Вевачански, се бојам со ќумур и излегувам.“

Меѓу маските задолжителни се зетот, невестата, глупавиот август, има пагански, екстравагантни и хорор композиции, а неизоставни се и современите маски, со кои се коментираат и жигосуваат настаните и личностите што оставиле белег во изминатата година и се праќаат пораките.

„Некои се маскираат политички, некои како ѓаволи, вештерки, глупави маски, идивидуални, масовни маски. Јас лично мислам дека за Свети
Маски од вевчанскиот карневал. Пет до дванаесет и за Бранко и за Грујо, но и за Македонија.
Васиља не треба многу да им са дава значење на политичарите и тие да се исмеваат, затоа што тие сами си се исмеваат преку целата година, како што ги гледаме на медиумите, па за овој празник и не треба многу големо значење да им се придава“, вели нашиот весел Василичар, кој најавува незаборавен маскенбал за посетителите во Вевчани.

Карневалот го посетуваат политичари, јавни личности, амбасадори, гости од земјава, Србија и Хрватска, кои Старата Нова година ќе ја дочекаат со смеа, слободен дух, забава, песна, огномет, вкусна храна, одење на изворите и други ритуали, а на 14-ти по големото Василичарско оро, маските според обичајот ќе бидат запалени.
XS
SM
MD
LG