Достапни линкови

logo-print

Казахстан е за продолжување на владеењето на Назарбаев


Нурсултан Назарбаев

Нурсултан Назарбаев

Повеќе од половината жители на Казахстан го поддржаа рефурендумот за продолжување на владеењето на претседателот Нурсултан Назарбаев. Со рефендумот се расчистува патот тој да владее во земјата до 2020 година, односно се прескокнуваат претседателските избори што треба да се одржат догодина. Организаторите соопштија дека повеќе од пет милиони жители веќе го дадоа својот потпис за поддршка на претседателот Назарбаев. Тој пак, деновиве ја отфрли иницијативата за одржување на таков рефендум. Официјален Вашингтон оцени дека продолжувањето на претседателскиот мандат е во спротивност со демократските принципи.
XS
SM
MD
LG