Достапни линкови

Тутунарите го блокираа патот Штип-Радовиш-Струмица


Откуп на тутун

Откуп на тутун

Тутунопроизводителите од општините Конче и Радовиш денеска го блокираа магистралниот пат Штип - Радовиш - Струмица, бидејќи не се задоволни од откупните цени на тутунот.
Штрјкувачкиот одбор соопшти дека тие во изминатите денови го однеле тутунот на откупните центри, но за него добиле ниски цени и нереална проценка на квалитетот.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека Тутунскиот комбинат од Прилеп денеска ги отворил откупните пунктови во Ропотово и во Житоше, а оваа недела ќе ги отвори и другите пунктови во прилепскиот регион. Тие потврдија и дека Државниот инспекторат и натаму ќе врши засилените контроли на откупот на тутун.
XS
SM
MD
LG