Достапни линкови

Двајца војници на САД убиени во Ирак


Двајца американски војници биле убиени за време на синоќешните воени операции во централниот дел на Ирак, јавуваат агенциите, без да наведуваат други детали. Се додава дека тоа се првите американски жртви во оваа година во Ирак. Околу 50 илјади американски војници се во таа земја по крајот на борбените операции во сепетември лани. Во меѓувреме има и извештаи дека во самоубиствен напад со автомобил бомба во Бакуба загинало едно лице додека десетина други биле повредени.
XS
SM
MD
LG