Достапни линкови

Естонија од денеска е членка на Еврозоната


Eстонија - цените се веке во евра

Eстонија - цените се веке во евра

Естонија денеска стана членка на еврозоната. На полноќ оваа балтичка држава со 1,3 милиони жители стана 17 земја која ја прифати заедничката европска валута. Естонската централно десничарска влада оценува дека овој чекор ќе испрати позитивен сигнал до инвеститорите и ќе ги олесни бизнис зделките со земјите во Европската унија.
Опозицијата е со спротивно мислење со оглед на должничките кризи во Грција и Ирска. Естонија е третата поранешна комунистичка земја која влегува во еврозоната.
Во неа веќе се Словенија и Словачка.
XS
SM
MD
LG