Достапни линкови

logo-print

Американскиот Сенат денеска ќе гласа за ратификација на СТАРТ договорот


Американскиот Сенат се очекува денеска да го ратификува договорот со Русија за намалување на нуклеарното воооружување, откако вчера гласаше да се заврши дебатата за тоа прашање. Најмалку 12 Републиканци изјавија дека ќе го поддржат договорот со што е овозможено двотретинско мнозинство. Американскиот претседател Барак Обама и неговиот руски колега Дмитри Медведев во април во Прага го потпишаа новиот договор. Руската Дума се уште не го ратификувала договорот.
XS
SM
MD
LG