Достапни линкови

Во Шпанија демонстрации за ослободување на Асанж


Во неколку градови во Шпанија за денеска попладне се најавени протести на кои ќе се бара ослободување на основачот на Викиликс, Џулиан Асанж од затвор и деблокирање на неговата сметка во Швајцарија. Според шпанската верзија на Викиликс, демонстрации биле предвидени и во Холандија, Колумбија, Аргентина, Мексико и Перу. Асанж е притворен во Велика Британија, а на 14-ти овој месец ќе се решава за неговата евнтуална екстрадикција во Шведска каде што е обвинет за силување.
XS
SM
MD
LG