Достапни линкови

Медведев:Русија работи на подобрување на односите со ЕУ и НАТО


Рускиот претседател Дмитри Медведев денеска изјави дека Русија работи на изградба на сеопфатни односи со Европската Унија и НАТО. Медведев по денешната средба со својот полски колега Бронислав Коморовски во Варшава изјави дека се надева оти поактивен ангажман на руските партнери ќе помогне во решавањето на сите отворени прашања со ЕУ и НАТО.Тој додаде дека средбата со претседателот Коморовски се оддржала во „атмосфера на доверба“. Двајцата лидери присуствувале на потпишувањето на неколку договори за подобрување на еконосмки, политички и културните односи меѓу Русија и Полска
XS
SM
MD
LG