Достапни линкови

Абас: Може да побарам од Израел да преземе контрола


Палестинскиот претседател Махмуд Абас во интервју за палестинска национала телевизија изјави дека доколку откочувањето на мировните преговори не успее, тој може да ја распушти владата и ќе побара Израел да преземе целосната контрола врз Запдниот Брег.
Абас додаде дека тоа би можело да биде крајна мерка.
Неговите коментари се сметаат за најголема можна закана. Со таков чекор ќе се остави Израел да се справува со одговорноста за Палестинците во Западниот брег, станува збор за 2,2 милиони луѓе. Палестинската управа е основана во 1994 година со странска помош и држи под контрола 40 % од регионот со што го ослободува Израел од таа одговорност.
XS
SM
MD
LG