Достапни линкови

logo-print

Политички тензии Таџикистан-Узбекистан


Узбекистан го предупреди Таџикистан да си го плати долгот од 1,6 милиони долари за испорака на природен гас или се соочува со прекин на испораката. Таџикистанските власти преговараат со Светската банка за кредит од 5 милиони долари за да си го платат долгот. Освен долгот, причина за ваквите закани се и политичките несогласувања меѓу двете земји. Узбекистан се противи на плановите на Таџикистан да изгради хидроцентрала во близина на границата. Узбекистан стравува дека изградбата на браната и запирањето на водата ќе му нанесе штета на нивното земјоделство.
XS
SM
MD
LG