Достапни линкови

Во Иран обесена жена обвинета за убиство


Советот на Европа денеска го осуди бесењето на жена обвинета за убиство во Иран. Во соопштението е наведено дека со нехуманиот начинот на кој е извршена смртната казна Иран покажал дека малку ги почитува основните човекови права. Претходно организацијата Амнести Интернешнл побара од Техеран да ја стопира егзекутацијата поради сомнеж дека е донесена погрешна пресуда. Шала Џахед пред 8 години беше осудена на смртна казна со бесење поради убиство на сопругата на нејзиниот љубовник.
XS
SM
MD
LG