Достапни линкови

logo-print

Европската инвестициона банка и даде 430 милиони долари на Србија


Европската инвестициона банка денеска отвори во Белград регионална канцеларија за земјите од Западен Балкан, по повод одобрувањето на заеми со вкупна вредност од 430 милиони долари за инфраструктурни проекти во Србија. Еден од заемите е наменет за изградба на 36 километри долг автопат во Јужниот дел на Србија. Вторит заем се однесува за изградба на патишта и нов мост на реката Сава во Белград. Претседателот на Европската инвестициона банка Филип Мајстад изјави денеска во Белград денеска дека банката финансира и неколку битни проекти во енергетскиот, образовниот и здравствениот сектор во Србија.
XS
SM
MD
LG