Достапни линкови

Воена вежба САД - Јужна Кореја


Соединетите Држави и Јужна Кореја ќе одржат заеднички поморски вежби во престојниот викенд. Според командата на американските сили во Јужна Кореја, вежбата била планирана пред вчерашниот ракетен напад од Северна Кореја во кој загинаа двајца јужно-корејски војници. Меѓутоа, се додава дека вежбата ќе го демонстрира и сојузништвото меѓу САД и Јужна Кореја. Инаку, синоќа американскиот претседател Барак Обама телефонски разговарал со неговиот колега од Јужна Кореја, при што му изразил подршка.
XS
SM
MD
LG