Достапни линкови

Грузија ја поздравува соработката НАТО - Русија


Грузијскиот претседател Михаел Саакашвили, на маргините на самитот на НАТО во Лисабон, имаше билатерална средба со американскиот претседател Барак Обама. По состанокот, Саакашвили изјави дека на Обама му го пренел ставот дека Грузија ја подршува соработката на НАТО со Русија и изразил надеж дека тоа ќе резултира со поцивилизиран однос на Москва кон своите соседи. Обама му заблагодарил на Саакашвили за значителното учество на Грузија во НАТО мисијата во Авганистан и ја повторил подршката за територијалниот интегритет и суверенитет на Грузија.
XS
SM
MD
LG