Достапни линкови

logo-print

Француски дипломати нападнати во Иран


Франција ги обвини иранските безбедносни сили за „неприфатлив акт на насилство“ врз вработени во француската амбасада во Техеран. Француското министертво за надворешни работи соопшти дека неколку неименувани официјални претставници на безбедносните сили нападнале два француски дипломати, уапсиле неколку гости кои дошле во резиденцијата на амбасадорот Берднард Полети на концерт на персиска музика и го блокирале влезот на амбасадата.
Во соопштението е наведено дека француските власти го повикале иранскиот амбасадор во Париз да „ изрази осуда“ за настанот. Од Техеран се уште нема никакви коментари за инцидентот.
XS
SM
MD
LG