Достапни линкови

Груевски и Милошоски на Конференција во Брисел


Премиерот Никола Груевски и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски денеска ќе учествуваат на Конференцијата „Балканот во срцето на Европа“, која ќе се одржи во Брисел. На конференцијата ќе се разговара за актуелните случувања и состојби во однос на проширувањето на ЕУ. Конференцијата е во организација на Групата на Европските народни партии во Европскиот парламент, а ќе учествуваат високи владини претставници од Хрватска, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово, а свое обраќање ќе имаат и пратеници од Европскиот парламент и еврокомесарот за проширување Штефан Филе.
XS
SM
MD
LG