Достапни линкови

logo-print

Амнести интернешнл бара правда за жртвите на ЦИА


Организацијата за заштита на човековите права „Амнести интернешнл“ бара од Европските влади правда за жртвите на тајните затворски програми на ЦИА, по нападите на 11 септември во САД. Во извешатјот на организацијата е наведено дека последните докази покажуваат оти жртвите биле киднапирани, мачени, незаконски притварани или илегално пренесувани од еден во друга земја, се во името на борбата против тероризмот.
Во извештајот се истакнува дека за вмешаност во програмите на ЦИА се води истрага за 8 земји, Македонија, Германија, Италија, Полска, Литванија, Романија, Шведска и Велика Британија.
Воедно е наведено дека во неколку од овие земји е постигнат мал напредок во определување на одговорноста.
XS
SM
MD
LG