Достапни линкови

logo-print

Започнува фестивалот на европски филм СИНЕДЕЈС. Манифестацијата ќе се одвива под мотото ,,Чувство за добар филм" и која силно се залага за фаќање во костец со пиратеријата.

Шеесеттина филма поделени во шест програмски целини, работилници, тематски разговори и придружни концерти, се предвидените содржини што ќе се случуваат во периодот од 11 до 18 ноември на годинешното деветто по ред издание на фестивалот за европски филм СИНЕДЕЈС што како организатор го потпишува Младинскиот културен центар од Скопје. Проекциите и другите активности ќе бидат во Милениум, Фросина, на неколку други локации во центарот на градот и во првото автокино во земјава што ќе биде отворено на Водно, а манифестацијата овојпат ќе се одвива под мотото Чувство за добар филм.
Кога го одбравме мотото на овогодинешното издание нашата интенција беше да го истакнеме, да потикнеме на чувството кое навистина е неповторливо, кое навистина е автентично, кое навистина е едно и единствено кога одите на кино..


,,Кога го одбравме мотото на овогодинешното издание нашата интенција беше да го истакнеме, да потикнеме на чувството кое навистина е неповторливо, кое навистина е автентично, кое навистина е едно и единствено кога одите на кино."

истакнува Златко Стевковски, директор на Младинскиот културен центар.
Селектор, пак, годинава беше Бернд Будер од Германија, кој воедно е и пре-селектор на Берлинскиот филмски фестивал, а филмовите, меѓу кои и дела на славните Жан Лик Годар, Вуди Ален, Мајкл Винтерботом, Рајко Грлиќ и други, се групирани во три главни категории, Гала, Официјална програма и Балкан линк. Филмскиот критичар Влатко Галевски, кој заедно со Сањин Пејковиќ и Николас Гастер е член на жирито што ќе ги оценува филмовите од регионот, говорејќи за вкупниот одбир ќе забележи:

,,Изборот барем според она што го гледав и што е најавено сметам дека е исклучително од висок квалитет, затоа што се работи за победници во неколку категории на главните три фестивала во Европа."
Изборот барем според она што го гледав и што е најавено сметам дека е исклучително од висок квалитет


Од новините на годинешното издание на манифестацијата со нагласено внимание од публиката е пречекано отворањето на првото авто-кино за што Стевковски појаснува:

,,Специфично е што во текот на прикажувањето на филмовите, звукот од големото платно ќе можеме да го добиеме на нашите радиоприемници, во нашите автомобили на посебен ФМ канал."

И, конечно, онака како што и приличи на манифестација од ваков ранг, СИНЕДЕЈС , со намалување на влезниците од 150 на само 50 денари за сите оние љубители на филмот кои со себе ќе понесат пиратско издание и ќе го фрлат во вреќите на влезот од кино салите, јасно го потенцира својот став во однос на овој горлив проблем на киноприкажувачите во земјава.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG