Достапни линкови

Земјите во развој забрзано се дебелеат


Организацијата за економска соработка и развој, во новиот извештај наведува дека растечките економии како Бразил, Кина, Индија и Русија треба да преземат мерки против растечкото зголемување на тежината на населението. Организацијата наведува дека поради нездравата храна и физичката неактивност стапката на дебели луѓе во овие земји се приближува до таа во развиените земји како САД или земјите од ЕУ. Организацијата бара итна акција од овие земји, наместо да чекаат и на поскап начин да ги лечат последиците од прекумерна тежина.
XS
SM
MD
LG