Достапни линкови

logo-print

Потребни повеќе тренери за обука за авганистанските сили


Командантот за обука во составот на НАТО мисијата во Авганистан, американскиот генерал Вилијам Колдвел, изјави дека НАТО треба да испрати дополнителни 900 тренери кои треба да им помогнат во подготовките на авганистанските воени и полициски сили да ја преземат одговорноста за безбедноста во земјата до 2014 година. Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи изјави дека Авганистанците сакаат за тоа време да го преземат најголемиот дел од одговорноста за безбедноста во земјата. Меѓутоа Кордвел смета дека тоа ќе биде тешко да се заврши во тој рок, затоа што недостасуваат луѓе кои ќе помагаат, па затоа тој побара дополнителен број на тренери, кои ќе им се приклучат на досегашните 1.800 кои веќе работат во Авганистан.
XS
SM
MD
LG