Достапни линкови

Економија - Средна Европа заживува а Балканот заостанува


Економијата на средна и источна Европа заживува, додека земјите од Југоисточна Европа и поранешна Југославија заостануваат, покажуваат податоците на американската агенција „Хејвер аналитикс“.
Агенцијата ја става Русија на прво место со предвиден раст на БДП за оваа година од 4,9 отсто, по што следат Украина 4,3 отсто, Словачка 3,9 проценти и Полска 3,2 насто.
Во текстот, кој го објави чешката економска Интернет страница ихнед.цз, се наведува дека кризата го забрзала и одливот на инвестиции од Западна Европа во поевтините средни и источни делови на континентот.
Југоисточна Европа и земјите од поранешна Југославија сепак економски заостануваат. Тие проблеми исто така би можеле да бидат во врска со одложувањето на членството на ЕУ за балканските земји за две до три години, пренесува ихнед.цз.
XS
SM
MD
LG