Достапни линкови

logo-print

Македонија падна за две места на листата „ Доинг Биснис“


Македонија падна за две места на ранг листата на Светската Банка „ Доинг Бизнис“ и сега е на 38-то место од 183 земји. Зад неа се Словенија на 42-то место Бугарија на 51-то , Албанија на 82-то и Хрватска на 84-то место. Македонија бележи напредок во категориите – Започнување бизнис и плаќање даноци, додека полошо рангирана е во категориите - Регистрирање имот, добивање кредити, спроведување на договори, прекугранично тргување и затварање на бизнис. Во категориите – добивање градежни дозволи и заштита на инвеститори го задржала истото ниво од минатиот извештај. Извештајот содржи девет категории. На врвот на извештајот се Сингапур, Хонг Конг и Нов Зеланд.
XS
SM
MD
LG