Достапни линкови

Полска бара помалку опасна обврска во ИСАФ


Полска сака своите воени трупи што ги испраѓа во Авганистан да имаат обучувачка мисија до 2012- та година и да завршат целосно со мисијата до 2014-та.Ова го изјави претседателот Бронислав Коморовски, непосредно пред самитот на НАТО во Лисабон. Полска до сега има испратено околу 2600 војници во мисијата ИСАФ. Авганистанската влада планира да ја преземе одговорноста за безбедноста од коалиционите безбедносни сили до 2014-та додека САД најави дека трупите ќе почнат со повлекување уште наредната година.
XS
SM
MD
LG