Достапни линкови

Груевски: Украина е докажан пријател на Македонија


Македонскиот премиер Никола Груевски по денешната средба во Киев со неговиот украински колега Микола Азаров изјави дека меѓу двете земји имаа високо ниво на односи и пријателска соработка.Тој додаде дека Украина е докажан пријател на Македонија и постои можност за соработка во повеќе сфери. Владините делегации на двете земји потпишаа неколку договори за соработка за затита на животната средина, за заштита на потрошувачкото право и стандардизација, за соработка меѓу министерствата за правда и во сферата на културата.
XS
SM
MD
LG