Достапни линкови

Србија наскоро ќе го добие Европрашалникот


Еврокомесарот Штефан Филе на 24 ноември во Белград ќе и го врачи Европрашалникот на српската Влада. Ова го изјави српскиот заменик премиер задолжен за европски прашања, Божидар Ѓелиќ. Тој додаде дека Владата е подготвена уште во првото тромесечје од наредната година да го врати одговорен прашалникот на Европската Комисија, по што веќе следната есен може да очекуваат одговор - дали Србија ќе добие статус на кандидат за членство во Европската Унија. Ѓелиќ истакна дека за Србија да продолжи со своите евроинтеграции потребно е целосно да соработува со Хашкиот Суд.
XS
SM
MD
LG