Достапни линкови

Ѓорѓе Иванов - нема сила која може да ги оспори Македонците


Нема ниту една држава, ниту една влада и ниту една сила која може да им го оспори правото на Македонците да бидат Македонци бидејќи човековите права се посилни и потрајни од минливоста на одредени влади или политичари, рече претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во обраќањето на церемонијата во Советот на Европа во Стразбур по повод одбележувањето на 60-годишнината од усвојувањето на Европската конвенција за човекови права. Тој посочи дека во Македонија, преку Охридскиот рамковен договор, не само што се почитуваат, туку и се надградуваат воспоставените стандарди на Конвенцијата. Иванов, јавува МИА, нагласи дека дел од овие принципи во некои европски институции не се применуваат кон граѓаните на Република Македнија, пред се поради политички притисок од една земја-членка.
XS
SM
MD
LG