Достапни линкови

Ирачкиот премиер Малиќи во посета на Иран


Ирачкиот Премиер Нури ал Малиќи пристигна во Иран каде се очекува да разговара за ситуацијата во земјата по изборите. Малики се обидува да го задржи премиерското место во битката со противникот поранешниот премиер Ијад Алави. Сунитската Ал Иракија на Алави победи на изборите но мнозинство обезбеди шиитската коалиција на Малики. Алави го обвини Иран дека се меша во коалициските разговори во Ирак и дека Техеран го дестабилизира Блискиот Исток.
XS
SM
MD
LG