Достапни линкови

Чавез доаѓа во посета на Белорусија


Претседателот на Венецуела Уго Чавез денеска треба да дојде во посета на Белорусија. Предвидено е тој да се сретне со белорускиот претседател Александар Лукашенко.
Чавез доаѓа во Минск од Москва, каде што со руските власти се договори за изградба на заедничка нуклеарна централа во Венецуела – прва во Јужна Америка.
САД реагираа дека секоја нова нуклеарна програма или активност треба да ги исполнува меѓународните безбедносни и сигурносни стандарди.
XS
SM
MD
LG