Достапни линкови

Ивановски сепак бил кодош, одлучија лустраторите


Претседателот на Уставниот суд Трендафил Ивановски бил кодош и не ги исполнува условите за вршење јавна функција, утврди денеска Комисијата за лустрација. Тие најавија дека решението ќе му го достават во текот на денов.
Ивановски, завчера на јавна седница се изјасни дека не соработувал со тајните служби, туку дека кога бил малолетен, службеник од тајните служби вршел тортура врз него.
Ивановски има рок од осум дена да поднесе тужба до Управниот суд за одлуката од Комисијата.
XS
SM
MD
LG