Достапни линкови

Мичел се обидува да ги спаси блискоисточните мировни преговори


Американскиот претставник за Блискиот Исток Џорџ Мичел пристигна во регионот во обид да ги спаси израелско-палестинските мировни преговори.
Израел одби да ја продолжи забраната за градење во доселеничките населби на Западниот Брег. Палестинскиот претседател се закани дека ќе се повлече од преговорите ако не се продолжи забраната. Најави дека конечната одлука ќе ја донесе в понеделник по консултациите со арапските лидери.
XS
SM
MD
LG