Достапни линкови

logo-print

Крвави судири во Сомалија


Најмалку 19 луѓе загинаа, а повеќе од 70 се повредени во судирите меѓу исламистичките милитанти и владините сили во главниот град на Сомалија, Могадишу. Организацијата Ал Шабаб, која е поврзана со терористичката мрежа Ал Каеда, во последниве месеци ги засили нападите против владата која има подршка од ОН. Ал Шабаб сака да ја собори владата и да воспостави исламско право во земјата.
Делот каде што се наоѓа владата го обезбедуваат околу седум илјади мировници од Африканската унија.
XS
SM
MD
LG