Достапни линкови

Бан Ки Мун побара од Ахмадинеџад „ конструктивна соработа“’


Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун се сретна со иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад.Тој побара од Ахмадинеџад , како што вели „конструктивно да соработува “ со меѓународната заедница околу проблемот со нуклеарната програма. Во соопштението е наведено дека Бан Ки Мун во разговорот со иранскиот претседател ја истакнал важноста на „почитувањето на основните граѓански и политички права“. Ахмадинеџад преку интервју за американски медиум побара од САД да ослободи 8 Иранци за кои смета дека се незаконски приведени. Ахмадинеџад ќе присуствува на годинешната седница на Генералното собрание на Обединетите Нации.
XS
SM
MD
LG