Достапни линкови

Радожда едно од најубавите места на струшкото езеро е загадено поради неизградената канализација и колектор.

Во 21-виот век без канализација и колектор, со нечисто езеро опасно за здравјето на луѓето и живиот свет во него, загадувач на животната средина што беше поим за убавина, мир, одмор, капење, рекреација и туризам. Вака сега изгледа струшкото село Радожда, сместено на десет километри западно од Струга, каде на самата граница со Албанија на брегот на Охридското Езеро живеат околу илјада жители. За хроничниот проблем, Радождани ја алармираа јавноста, барајќи од локалната самоуправа во Струга и владата итно да го
25 години жителите имаме издвојувано од платите за колектор. Каде се парите и зошто тој не е направен? Кај мене доаѓаат луѓе од цел свет, имам угледни муштерии, бизнисмени и од секаков калибар, кои не се должни да јадат храна со мирис на фекалии
изградат колекторот на потегот Елен Камен-Радожда во должина од 3,5 километри, со што ќе се опфатат отпадните води, кои сега преку повеќе од 1.500 септички јами од домаќинствата и угостителско-сместувачките објекти се слеваат во езерото, полнејќи го со фекалии, ѓубре и нечистотии.

,,Јас сум најстариот ресторанџија во селото. 25 години жителите имаме издвојувано од платите за колектор. Каде се парите и зошто тој не е направен? Кај мене доаѓаат луѓе од цел свет, имам угледни муштерии, бизнисмени и од секаков калибар, кои не се должни да јадат храна со мирис на фекалии."

,,Имам 67 години, тука сум роден и како дете до 26 години пиев со моето друштво од езерската вода, што беше толку чиста, што во неа имаше многу ракови, плашици, а сега се е мртво. Овие млади генерации сега треба да живеат, а не треба и тие мртви да бидат. Тоа е срамота, ние сите вработени плаќавме за колектор, а тие пари ги снема."

,,Би дал еден јавен апел до Владата и до градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, да не градат само скулптури и нека ги одвојат парите од барем еден споменик за да се изгради колектор и да спасат илјада жители на село Радожда."

Велат угостителите и жителите на Радожда, од кои повеќето се на печалба во странство, а немањето колектор и канализација ги одвраќа од плановите за инвестирање во селото, што последната деценија доживеа вистински туристички подем и стана на далеку познато по
Донесов тројца инвеститори кои го погледнаа селото и им се допадна. Кога се заинтересираа за чистотата, ја видоа катастрофалната состојба на плажите, како јамите влегуваат во езерото, а нашите деца се болни од езерото кое сее зарази
вкусната риба, храна и гостопримливите домаќини, кои единствениот извор на егзистенција го најдоа во туризмот, што оваа сезона доживеа крах.

,,25 години живеам во Франција, каде имам своја фирма. Сакам да вложам во Радожда, бидејќи е прекрасно село. Донесов тројца инвеститори кои го погледнаа селото и им се допадна. Кога се заинтересираа за чистотата, ја видоа катастрофалната состојба на плажите, како јамите влегуваат во езерото, а нашите деца се болни од езерото кое сее зарази."

За секој инвеститор важни се три работи, струја, вода и канализација, за да се гради ресторан, зграда или хотел. Ако сакаме македонските иселеници во дијаспората да се вратат и да живеат тука, треба да се надмине проблемот кој откако сум во САД 45 години, секоја година доаѓам овде, никако не се решава."

Велат иселениците од Радожда во странство, кои се добар извор на приходи за селото. Ваип Ајро, раководител на Струшка Проеква ни изјави дека иако проектот за изградба на колектор во Радожда што чини 450 илјади евра за нив бил приоритет, за негова реализација немало доволно слух од државата и соработка со општината, поради што се бараат странски донации и сосема е неизвесна неговата судбина. На проблемот работи и здружението за афирмација на алтернативни форми на туризам "Радожда 2010", од каде апелираат проблемот да се реши, а не да се политизира бидејќи е од животна важност за селото и неговите жители.

XS
SM
MD
LG