Достапни линкови

Појадок на министерот Коњановски со странските аташеа


Mинистерот за одбрана Зоран Коњановски денеска ќе приреди работен појадок на кој ќе присуствуваат високиот воен претставник на НАТО и командант на штабот на Алијансата во Скопје, бригадниот генерал Давид Хумар, началникот на ГШ на АРМ, генерал потполковник Мирослав Стојановски и одбранбените аташеа акредитирани во Македонија. Како што соопшти Министерството за одбрана, аташеата ќе бидат запознати со проектите на Министерството за одбрана и АРМ, степенот на одбранбените реформи и идните проекти од областа на одбраната.
XS
SM
MD
LG