Достапни линкови

Без резултати во борбата против корупцијата


Нема политичка воља за сузбивање на корупцијата. Досега само еден предмет на Антикорупциската комисија, добил судски епилог.

Судот и јавното обвинителство имаат уплав од антикорупциските случаи вели првиот човек на Државната Комисија за спречување на корупција, Илми Селами. Причина за тоа, како што вели, е или недоволно познавањето на корупцијата и судирот на интереси како предмети или не сакаат воопшто да се нафатат да бидат први во решавањето на случаите. До сега само еден предмет кој бил отворен од Антикорупциската комисија имал судски епилог, вели Селами:
Имајте предвид дека кога станува збор за предмети од областа на корупцијата тука се обично функционери од власта кои злоупотребиле функција и секогаш тие како такви имаат влијание и врски и врз судовите


,,Првата димензија зборува за евентуалните политички влијанија во предметите за корупција, имајте предвид дека кога станува збор за предмети од областа на корупцијата тука се обично функционери од власта кои злоупотребиле функција и секогаш тие како такви имаат влијание и врски и врз судовите и токму поради тоа еден значителен број предмети остануваат незавршени, без епилог."

Иницијативите на Антикорупциската комисија, јавното обвинителство ги прифаќа како обични граѓански иницијативи вели Селами, па со тоа јавното обвинителство покажува непочитување кон државната комисија.

,,Јавното обвинителство е само прв степен во областа на правосудството и понатаму кога ќе влеземе во судските органи со многу маки добиваме конечен епилог. Еден кинески мудрец рекол: колку повеќе закони, колку повеќе инстанци, толку помалку правда. Очигледно тоа во Македонија е реалност."

Поранешниот јавен обвинител Јован Трпеновски вели дека ова е стар проблем за кој отсуствува политичка волја да се реши.
Проблемот е во несоздавање услови од страна на државата за успешно спроведување и борба против корупцијата и организираниот криминал


,,Проблемот е во несоздавање услови од страна на државата за успешно спроведување и борба против корупцијата и организираниот криминал."

Корупцијата е една од честите забелешки во извештаите на Европската Комисија за напредокот на Македонија на патот кон Унијата. Професорот Осман Кадриу смета дека и оваа година не е постигнат напредок на ова поле.

,,И во тие случаи секогаш атакот е во органите за прогон и посебно на судската власт. Сметам, како што се одвиваат овие процеси, околу сузбивање на корупцијата и другите девијантни појави, а се одвиваат мошне бавно, мислам дека и во наредниот период ние ќе добиваме негативна оценка од ЕК и другите релевантни меѓународни институции."

Селами вели дека за сега нема информација дали воопшто јавното обвинителство започнало постапка за последните извештаи на државниот ревизор за злоупотреба на државните пари во дел од министерствата како и по последниот предмет на Антикоруциската комисија за малверзации во Државната агенција за спречување на перење на пари.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG