Достапни линкови

Милошоски очекува позитивен извештај


Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски рече дека смета оти Брисел ќе го валоризира она што Македонија го сработи од аспект на реформите и очекува позитивен извештај за напредокот. По неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија, Гимних, во Брисел, Милошоски изјави дека доколку официјална Атина навистина искрено го заговара проектот Агенда 2014 и во негови рамки се залага за целосно вклучување на земјите од регионот во ЕУ, тогаш би требало да даде поддршка на претстојниот извештај од Европската комисија за Македонија, а со тоа да го помогне кредибилитетот на ЕУ и да го поддржи проширувањето со земја која е подготвена да го почне тој процес. Тој рече дека решавањето на спорот за името не зависи само од Македонија.
Милошоски рече дека, ако Македонија ги почне пристапните преговори што побрзо, тоа ќе биде важно и за регионот, бидејќи со тоа ќе се даде сигнал дека процесот на проширување не запрел.
XS
SM
MD
LG