Достапни линкови

Европската комисија по углед на комунистите


Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо утре пред Европскиот парламент ќе одржи говор за состојбата на Унијата во комунистички стил. Ова го оценува лондонскиот весник Тајмс по предупредувањето на Комисијата до пратениците на Европскиот парламент дека нема да добијат дневници доколку не се појават на утрешната седица. Овој потег со кој се сака да се покаже дека европските политичари се популарни, би му се допаднал и на Мао Це Тунг, наведува весникот, наведувајќи некои пратеници кои прашуваат дали мора притоа и да аплаудираат.
XS
SM
MD
LG