Достапни линкови

САД побараа дозвола од Турција за транспорт


Турското министерство за надворешни работи денеска соопшти дека Соединетите држави побарале дозвола од Турција за повлекувањето на својата војска и техника од Ирак преку нејзина тертиторија. ,,Турција е подготвена нејзината територија да се користи за транспорт на американската воена техника, но преговорите се уште не се завршени,, изјави портпаролот на Министерството Селџук Унал. Тој додал дека Вашингтон не побарал дозвола за транспорт на оружје која може да биде донесена само од Парламентот.
XS
SM
MD
LG