Достапни линкови

„Тојота“ ќе повлекува 1 милион автомобили од американскиот пазар


Јапонскиот производител на автомобили „Тојота“ нареди повлекување на еден милион автомобили од моделите „Корола“ и „Матрикс“ од американскиот пазар. Од јапонската компанија изјавија дека автомобилите се повлекуваат од продажба поради проблеми со електриката. Од „Тојота“ велат дека овие марки автомобили немаат проблем со педалата за гас, што беше случај со 8 милиони автомобили кои производителот ги повлече од пазарот годинава.
XS
SM
MD
LG