Достапни линкови

Основачот на Викиликс се бара за силување во Шведска


Основачот на интернет порталот Викиликс Џулијан Асангe, се бара во Шведска каде што е обвинет за силување, соопштуваат од шведското обвинителство. Од канцеларијата за односи со јавност на обвинителството не наведуваат што е другото обвинение ниту дали станува збор за меѓународна потерница. Според пишувањето на шведските медиуми, 39 годишниот Асанге се бара за сексуален напад врз жена. Неодамна порталот објави 77 илјади доверливи документи за војната во Авганистан, а Асанге најави објава и на 15 илјади други тајни досиеја.
XS
SM
MD
LG