Достапни линкови

САД ги поканија израелците и палестинците на директни преговори


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска во Вашингтон соопшти дека Соединетите Држави ги поканиле израелците и палестинците на обновување на директините преговори, врз основа на решението за две држави, а домаќин на средбата ќе биде претседателот Барак Обама.
“Од името на владата на Соединетите Држави, ги поканив израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и палестинскиот лидер Махмуд Абас во Вашингтон на 2-ри септември да ги обноват директните преговори за надминување на сите спорни прашања”,
изјави Клинтон. На преговорите се поканети и јорданскиот крал Абдула, египетскиот претседател Хосни Мубарак и пратеникот за Блискиот Исток, Тони Блер. Хилари Клинтон оцени дека преговорите треба да бидат без предуслови и со решеност за успех, иако непријателите на мирот ќе се обидуваат да ги спречат.
XS
SM
MD
LG