Достапни линкови

logo-print

Политика и на Олимпските игри за млади


На Олимписките игри за млади од 14 до 18 години што се одржуваат во Сингапур, израелското момче Гили Хаимовиц доби златен медал откако неговиот ривал иранецот Мохамед Солејмани не се појави на финалниот меч во теквондо. Од иранската делегација соопштија дека момчето било повредено, но во израелскиот тим се сомневаат дека повлекувањето на иранското момче било политички мотивирано. Притоа се потсетува на иранската политика да не се натпреваруваат со израелски ривали, бидејќи Иран не го признава Изреал.
XS
SM
MD
LG