Достапни линкови

МОН не очекува проблеми со учебниците


Сите учебници ќе бидат навремено изработени и доставени до училиштата и се надеам дека целиот проект ќе помине без проблеми, изјави министерот за образование Никола Тодоров. Учебниците треба да бидат распределени до 1 септември во сите училишта во Македонија. Во врска со ревизијата на содржината на учебникот „Општество“ за петто одделение, министерот изјавил дека рецензијата ја прави нов рецензентски тим формиран од Националната комисија за учебници и треба да заврши утре. Од суперрецензијата ќе зависи дали ќе се повлече целиот учебник, доколку тимот најде и други пропусти покрај грешките во страницата од делот за културата во Македонија. Дотогаш е стопирана неговата дистрибуција во училиштата.
XS
SM
MD
LG