Достапни линкови

САД ќе се повлечат од Ирак до крајот на август


Американскиот претседател Барак Обама е задоволен од тоа што САД можат безбедно и според планираното, до крајот на месецот да ги завршат своите борбени операции во Ирак, изјави портпаролот на Белата Куќа, Роберт Гибс. Ова беше изјаевно по состанокот на Обама со шефицата на дипломатијата, Хилари Клинтон, секретарот за одбрана, Роберт Гејтс, советникот за национална безбедност, Џејмс Џонсон и американскиот командант во Ирак, генералот Реј Одијерно. Одијерно оценил дека состојбата во Ирак во последните неколку години е „значително унапредена“ и дека силите на САД планираат да го завршат повлекувањето од Ирак до крајот на август.

XS
SM
MD
LG