Достапни линкови

Турција не сака привилигирано партнерство со ЕУ


Турција ги отфрла иницијативите кои пристигнуваат од некои земји членки на Европската Унија за „привилегирано партнерство“ на Анкара и Брисел. Главниот турски преговарач со ЕУ Егеман Багиш изјави дека Турција не го прифаќа понуденото и дека не постои алтернатива за полноправното членство на земја во ЕУ. Лидерите на некои европски земји, членки на ЕУ, пред се Никола Саркози и Ангела Меркел сметаат дека на Турција треба наместо полноправно членство да и се понуди „привилегирано партнерство“ со Брисел. Турција ги започна преговорите за пристап во 2005 година. Таа во осум области се соочи со блокади од Франција и Република Кипар.
XS
SM
MD
LG